Европски ФудбалФудбал

Потребни се пари за Халанд: Челси го продава напаѓач на Арсенал ?

Напаѓачот на Челзи, Тами Абрахам, би можел да ја продолжи кариерата во градскиот ривал Арсенал, тврдат островските медиуми.

„Сините“ наводно го понудиле англискиот напаѓач на „топџиите“ за сума од 40 милиони фунти со цел да ги соберат потребните пари за да го донесат Ерлинг Халанд.

Се шпекулира дека потенцијалниот ангажман на норвешкиот напаѓач од Борусија Дортмунд може да чини огромни 175 милиони евра. Затоа тие се обидуваат на секој начин на „Стемфорд Бриџ“ да заработат пари, кои подоцна би ги вложиле во Халанд.

Арсенал покажа интерес за 23-годишниот напаѓач, но прашање е дали тој е подготвен да ги плати споменатите 40 милиони.

Абрахам блескаше пред две сезони, постигна 15 гола на 34 натпревари во Премиер лигата, за во минатата сезона да не му се допаѓа на новиот менаџер Томас Тухел. На вкупно 22 натпревари во Премиер лигата, најчесто тој влегуваше од клупата, и постигна само шест гола, што му ја намали вредноста на пазарот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!