Европски ФудбалФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Потенцијални противници на Шкендија пред утрешната ждрепка за првото коло во ЛШ

Шампионот на Македонија, екипата на Шкендија во европското лето ќе се натпреварува во квалификации за пласман во Лигата на шампионите.
Утре со почеток во 12:00 часот во Нион е закажана ждрепката, по што ќе биде познат противникот во квалификацискиот двомеч.
Можни противници на Шкендија се ХЈК Хелсинки од Фински, Конах Квеј Номадс од Велс, Мура од Словенија и Борац од Бања Лука.
Доколку Шкендија не обезбеди пласман во второто коло во ЛШ, тогаш тетовчани ќе продолжат во второто коло во Конференциската лига. Доколку Шкендија помине едно коло од квалификации за ЛШ и биде елиминирана во второто коло, тогаш ќе продолжи во квалификации за Лигата на Европа.