Европски ФудбалФудбал

Постигна повеќе голови за својата репрезентација од Меси, а не е ниту професионален фудбалер

Многумина никогаш не слушнале за фудбалерот Сунил Четри, но овој човек е дел од фудбалската историја од денес.

Имено, капитенот на Индија, кој еднаш стигна до вториот тим на португалски Спортинг, ги постигна двата гола во победата на гостувањето кај Бангладеш (0:2) и влезе меѓу 10-те најдобри стрелци во историјата на националните тимови. Тој постигна 74 голови во дресот на репрезентацијата.

Со тоа тој го истурка Али Мабхут (Обединети Арапски Емирати) од 10-тото место на вечната листа, и тој е втор меѓу активните играчи, зад недостижениот Кристијано Роналдо, кој има постигнато 103 гола.

Интересно, Четри го остави зад себе Лионел Меси, со кого до денес го делеше 11-тото место на вечната листа.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!