ФудбалФутсал

ПОСЛЕДНО КОЛО: Клими, Кеги Моби и Форца фаворити, Овче Поле гостува кај Конзули

Утре се игра посленото коло од Втораа футсал лига на Македонија со што ќе биде затворена сезоната.

Сите натпревари ќе се одиграа во текот на утрешниот ден. Колото се отвара во Слупчане со дуелот меѓу СЕЕ Университи и Форца која обезбеди прволигашки статус за следната сезона. Дуелот ќе го судат Музафер Исмаили од Боговиње и Дарко Јовчевски од Тетово.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Со почеток од 19:30 часот ќе бидат одиграни уште два натпревари. Во Велес ќе се соочат новиот прволигаш Кеги Моби против „фенерџијата“ Кардшлк од Штип. Правдата на овој меч ќе ја делат Илија Гонев од Неготино и Миле Лазов, исто така, од Неготино.

Во ист термин ќе играат и Конзули и Овче Поле во Битола. Игор Иванов од Велес и Иле Мишески од Прилеп ќе бидат задолжите за правдата на овој меч.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Колото ќе биде затворено во 20 часот со дуелот меѓу Клими и Мал Ајакс. Натпреварот ќе се одигра во „Јасмин“, а правдата ќе јаделат Филип Ицковски од Скопје и Славче Шоповски од Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!