Европски ФудбалФудбал

После Рамос во ПСЖ пристигна уште едно ГОЛЕМО засилување!

Вицешампионот во Лига 1 веќе ги доведе Серхио Рамос, Донарума, Виналдум и Ашраф Хакими, но на засилувањата ќе им нема крај.

До крајот на трансфер пазарот, аргентинскиот напаѓач Хоакин Кореа, сегашен фудбалер на Лацио, најверојатно ќе стане член на ПСЖ.

Италијанските медиуми наведуваат дека ПСЖ и Лацио постигнале договор за трансфер за Кореа. Парижаните ќе платат 18 милиони евра за 26-годишниот напаѓач и ќе го испратат шпанскиот фудбалер Пабло Сарабија на „Олимпико“.

Овој трансфер наводно е веќе договорен, но поради некои други работи тој моментално е ставен во мирување, но на крајот не треба да има проблем работата да се реализира.

Кореа на тој начин треба да го засили нападот на ПСЖ и тоа сигурно би бил најголемиот трансфер во кариерата на 26-годишниот фудбалер.

Тој стана член на Лацио во 2018 година. Тој пристигна од Севилја за 16 милиони евра, а претходно играше за Сампдорија и Естудијантес.

Во редовите на „бјанкочелестите“ од Рим, тој одигра вкупно 117 натпревари и постигна 30 погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!