ФудбалФудбал - Четврта Лига

После долги години се враќа ФК Братство од Големо Коњари на фудбалската карта на Македонија

После долги години мирување на фудбалската карта се враќа фудбалскиот клуб Братство од Големо Коњари од Прилеп.

Клубот кој е формиран во далечната 1963 година и беше дел од Втората македонска фудбалска година, долги години беше во мирување, односно не се натпреваруваше во ниту една категорија. Раководството на клубот после долги години се реши да го реактивира клубот и да го врати во живот.

Братство сега ќе започне со натпреварување во Општинската фудбалска лига на Прилеп, а целта ќе биде атак на првото место и враќање во Третата македонска фудбалска лига – Југ.

Подготовките за новата сезона клубот ќе ги започна на 5. август, а стартот на новата сезона од ОФЛ Прилеп е закажан за 11. септември.

Клубот ќе се натпреварува со млади талентирани играчи од самото село како и од околината.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!