Европски ФудбалФудбал

Португалските здравствени власти објавија: Фудбалерите на Белененсес се заразени со новиот вид на коронавирус

Португалските здравствени власти во понеделникот објавија дека нов вид на коронавирус наречен Омикрон бил откриен кај 13 фудбалери и персоналот на Белененсес.

Фудбалерите на португалскиот прволигаш се заразиле откако еден од играчите се вратил од Јужна Африка, а вирусот Омикрон бил откриен по првенствениот натпревар помеѓу Белененсес и Бенфика во саботата.

Белененсес натпреварот против Бенфика го започна со девет играчи, а остатокот од тимот беше во изолација. По полувремето само седум играчи се вратија на теренот и играта беше прекината по две минути при водство на Бенфика со 7:0.

„Сите сме во изолација, освен младата екипа која не играше во саботата. Вкупно 44 лица се во изолација. Двајца или тројца играчи и исто толку членови на персоналот имаат благи симптоми. Сега чекаме да се повтори тестот штом ќе биде одобрен од здравствените власти“, изјави портпаролот на Белененсес.

Уште во саботата, претседателите на Бенфика и Белененсес на прес-конференција изјавија дека мора да го одиграат натпреварот во спротивно ќе ризикуваат казна за неоправдано отсуство. Тие ги обвинија здравствените власти и раководството на лигата што не дозволиле мечот да се одложи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!