Европски ФудбалФудбал

Португалецот со нови рекорди: Роналдо со головите против Франција испиша историја!

Кристијано Роналдо постигна два гола против Франција (2:2), со што постави нови рекорди и влезе во историјата.

Португалецот на тој начин го изедначи рекордот по бројот на голови за репрезентацијата, ова беше негов 109-ти по ред, колку што има Иранецот Али Даеи.

Роналдо стана најдобар европски стрелец на Европско и Светско првенство на сите времиња со 21 погодок, оставајќи го зад себе Мирослав Клосе со 19.

Исто така, фудбалерот на Јувентус стана првиот Португалец во историјата кој постигнал голови на сите три натпревари од групната фаза во Европското првенство.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!