ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Сашко Крстев, е нов претседател на третолигашот Вардар Неготино

Денес се одржа Годишното собрание на третолигашот Вардар од Неготино на кое поранешниот репрезентативец на Македонија Сашко Крстев е избран за нов претседател на клубот.

Како што дознава Спортска Мрежа промена на тренерското место нема да има, Горан Тодорчев ќе го води клубот и во иднина, а остануваат и сите фудбалери во Вардар како и до сега.

Новата сезона од Третата лига – Југ не започна, а стартот е одложен дури за во март следната година, доколку истата започне од раководството на Вардар Неготино во изјава за Спортска Мрежа веладе дека плановите се освојување на првото место и ако има можности да се помине и баражот и конечно да се врати Вардар во Втората лига која од следната сезона ќе биде единствена.

„Плановите се секако прво место и ако има можност да се помине тој бараж натпревар за влез во Втора лига. Сепак нема да се брза затоа што прво ќе се праве костур на екипа пред се со млади фубдалери од школите во Неготино“, велат од неготинскиот клуб за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!