Европски ФудбалФудбал

Поранешниот играч на Јувентус ја напушти Англија, а кариерата ја продолжува во Ница

Францускиот фудбалски клуб Ница го потврди трансферот на габонскиот фудбалер Марио Лемина од Саутемптон, Англија, јавува Агенција Анадолија (AA).

Францускиот клуб објави дека потпишале договор со 27-годишниот играч за врска.

Лемина, кој претходно играше за Лориен, Олимпик Марсеј и Јувентус, се пресели во Саутемптон во 2017 година. Последните две сезони ги помина на позајмица во Галатасарај и Фулам.

Минатата сезона одигра 30 натпревари за Фулам и постигна еден гол.

Во дресот на репрезентацијата на Габон, тој забележа 19 настапи со три гола.

Лемина ја започна својата кариера во Франција во младинската академија на Лориент на 11-годишна возраст, а подоцна играше за првиот тим во текот на сезоната 2012-13.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!