Европски ФудбалФудбал

Поранешниот аргентински репрезентативец за време на натпреварот му се заканувал на судијата со смрт

„Ти си корумпиран и ако сепак ни судиш, ќе те убијам“, наводно му рекол фудбалерот на Расинг, Лаутаро Акоста на судијата Дарио Ерера.

Аргентинскиот судија Дарио Херера го обвини играчот на прволигаш Ланус, Лаутарo Акоста дека му се заканувал со смрт на натпреварот кој го судел.

Ерера ја делеше правдата на првиот лигашки натпревар во понеделниќ ноќта кон вторник, во кој Расинг го победи Ланус со 3:1.

Заканите Херера веднаш ги пријавил во полиција, а агенцијата „Ројтерс“ наведува дека судијата го обвинил играчот дека му се заканувал на теренот велејќи „ти си корумпиран и ако сепак ни судиш, ќе те убијам“ .

Веднаш по оваа информација, аргентинското здружение на судии повика фудбалерот да биде казнет.

Обвинетиот Акоста во текот на својата кариера играше меѓу другите за Севиља и Бока Јуниорс, а забележа и два настапи за аргентинската репрезентација.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!