Европски ФудбалФудбал

Поранешниот англиски репрезентативец ќе игра во Чемпионшип

Поранешниот англиски репрезентативец Енди Керол конечно најде работа и во понеделникот потпиша договор со Ридинг.

На клупата на англискиот клуб седи Вељко Пауновиќ, а како што беше најавено, 32-годишниот фудбалер го парафирал договорот до средината на јануари 2022 година.

Последен клуб за кој играше Керол беше Њукасл (2019-21), а претходно беше во Вест Хем (2013-19), Ливерпул (2011-13) и Њукасл (2006-11).

За репрезентацијата на Англија одигра девет натпревари со два постигнати гола.

Рединг по 17 кола е само 16-ти во Чемпионшип со седум победи, едно реми и девет порази.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!