Европски ФудбалФудбал

Поради расизам, фудбалерот на Челзи размислува за промена на репрезентацијата

Талентираниот фудбалер на Челси, Калум Хадсон Одои ја разгледува опцијата за промена на националниот тим. Одличниот играч не сака да доживее расистички навреди како Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака, па тој би можел да ја замени репрезентацијата на Англија со Гана.

Роден е во Гана, а наводно неодамна престојувал во таа земја, каде се сретнал со претседателот Акуф Ада. Претседателот го повикал министерот за спорт да стори се што е потребно за фудбалерот на Челзи да игра за Гана.

Хадсон Одои има три настапи за Англија, но сепак има опција за промена, под услов повеќе да не игра за репрезентацијата на Англија. Во случај на промена на репрезентацијата, тој ќе мора да почека до ноември следната година поради правилата на ФИФА кои дозволуваат промена на репрезентацијата кога ќе поминат три години од последниот настап за една репрезентација.

Одои последен пат играше за Англија во 2019 година. Во триумфот против Косово (4:0) одигра 59 минути во квалификациите за ЕП.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!