ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Поради обилен снег и врнежи, денешните натпревари од ПМФЛ се одложени за следниот викенд

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија, денешните пет натпревари од Првата македонска фудбалска лига поради обилните врнежи од снег на територија на цела држава ги одложи за следниот викенд.

„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло од 1 МФЛ што требаше да се одиграат денеска ги ОДЛОЖУВА за следниот викенд 21.02.2021 година (недела)“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Вчера беше одигран воведниот натпревар од 19. коло во Струмица, каде Академија Пандев со минимални 0:1 загуби од Работнички. Натпреварот на СЦ „Пандев“ се играше во снежни услови и во многу студено време.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!