Европски ФудбалФудбал

Понуда која не може да се одбие: Луис ван Гал се враќа од пензија по четири години!

Според холандските медиуми, 69-годишниот Ван Гал договорил сè со челниците на Федерацијата и само чека официјална потврда и потпишување на договорот.

Ван Гал ја водеше репрезентацијата на Холандија од 2000 до 2002 година и од 2012 до 2014 година. Под негово водство, Холанѓаните го освоија третото место на СП 2014 во Бразил.

Ван Гал ќе го наследи Франк де Бур на клупата на репрезентацијата, кој се повлече од својата позиција по поразот во осминафиналето на Европското првенство од Чешка, а под негово водство „лалињата“ воопшто не блескаа.

Холандскиот стручњак ги водеше и Ајакс, Барселона, АЗ и Баерн во текот на својата кариера, а во 2017 година тој објави дека заминува во пензија поради „семејни причини“. Две години подоцна, тој официјално објави крај на тренерската кариера.

Сепак, повикот од репрезентацијата очигледно не можеше да се одбие.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!