ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Помошникот тренер Темелков си замина од Борец: Навистина сум горд што испишавме историја после 18 години!

Откако си замина тренерот Горазд Михаилов, денес од Борец си замина и помошникот тренер Ангел Темелков. Тој на социјалните мрежи ја информираше јавноста дека повеќе не е дел од велешкиот прволигаш.

Во продолжение целото соопштение на Темелков:

Поминаа скоро 5год. и со гордост можам да кажам дека уживав во секој миг и секој момент поминат во клубот во кој што се афирмирав и потрошив добар дел од младоста.Како играч му бев верен и секогаш бев и во добро и во зло време а многу повеќе во зло и не го променив дресот и кога можев да го променам…Како тренер бев вклучен во овој проект од самиот почеток и навистина сум горд што испишавме историја после 18год. Создадовме сериозен колектив и клубот го издигнавме на највисоко професионално ниво кој парираше и се надигруваше со секој тим во елитата на Македонскиот фудбал во ПМФЛ.

Посебно ми е драго и тоа што после 15год. Ја рестартирав односно ја формирав младинската академија со две генерации и како нивни тренер во истата година ја освоивме лигата и во кадетска и младинска конкуренција и обезбедивме влез во супер лига а истата год.игравме полуфинале куп на Македонија во младинска конкуренција.Како асистент тренер учествував и дадов свој придонес во напредокот на клубот од најниско па се до највисоко ниво а посебно ме прави среќен и горд фактот и податокот што го исполнувавме планот година за година онака како што го замислувавме и планиравме…

Најголема благодарност до раководството на клубот и укажаната доверба,до сите фудбалери и тренери и мои колеги,шефот на стручниот штаб со кој имав перфектен однос,благодарност и до навивачката група Гемиџии и сите наши подржувачи кои не се штедеа да му помогнат на клубот а посебна благодарност до моето семејство кое 5 години не поминаа ниту еден заеднички викенд со својот татко,сопруг,брат,син итн.

Те сакам БОРЕЦ до некое следно другарување.

Од Борец исто така си замина и најдобриот фудбалер Никола Прелчец кој го засили Работнички.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!