Европски ФудбалФудбал

Пол Погба на раскрсница: Францускиот играч за врска има две опции да ја продолжи кариерата

Француските медиуми пишуваат дека Пол Погба е на крстопат на својата кариера. Играчот од средниот ред се двоуми меѓу две опции, тоа е да остане во Манчестер Јунајтед и да потпише нов договор или да се приклучи на редовите на Пари Сен Жермен.

Погба има опција да остане на „Олд Трафорд“, доколку го продолжи договорот, но се уште не е сигурен дали сака да го носи дресот на „црвените ѓаволи“ следната сезона, а и од останатите клубови единствена опција му е ПСЖ.

Парижаните веќе донесоа неколку огромни засилувања, но повеќето дојдоа без обештетување, па сигурно ќе имаат на располагање пари за играчот за врска на Манчестер Јунајтед.

Погба сигурно нема да биде ефтин, но со оглед на тоа што неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува следната сезона, сигурно е дека летово би можеле да го добијат по подобра цена. Можеби ПСЖ ќе склучи договор со него да дојде на Паркот на Принц следното лето како слободен агент.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!