Европски ФудбалФудбал

Покетино направи клучен потег, jа известил управата на ПСЖ за неговата конечна одлука!

Маурисио Покетино го извести раководството на ПСЖ за неговата желба да го напушти клубот по само шест месеци.

Бројни сигурни извори денес откриваат дека Покетино добил покана од Флорентино Перез, да знае дека е прва цел за наследник на Зинедин Зидан, а Аргентинецот не сака да ја пропушти најголемата шанса во кариерата.

Покетино е свесен дека неговото заминување нема да биде лесно и ќе ја почитува секоја одлука на раководството во ПСЖ. Парижаните засега немаат намера да го ослободат Покетино, но работите може да се променат доколку најдат соодветна замена. Зинедин Зидан е слободен, исто како и Антонио Конте, па ПСЖ има убава можност на пазарот.

Покетино наводно не е во добри односи со спортскиот директор Леонардо, од порано е познато дека Бразилецот го избрка Томас Тухел, па истата приказна се повторува и сега.

Покетино беше разочаран во последните шест месеци откако беше нокаутиран во полуфиналето во Лигата на шампионите и ја отстапи титулата на Лил.

Тој е свесен дека можеби ова е неговата последна шанса да го оствари својот сон и да го преземе Реал Мадрид, па затоа е подготвен да направи се што е потребно.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!