Европски ФудбалФудбал

Покетино: Мирен сум, чувствувам дека ја имам поддршката од играчите

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, истакна дека критиките во јавноста не влијаат врз него и неговиот тим.

Аргентинскиот стручњак оваа сезона го презеде францускиот клуб. Од почетокот на сезоната често беше мета на критики во јавноста, а се шпекулираше дека би можел да го напушти „Паркот на принцот“ и да го преземе Манчестер Јунајтед.

„Добро сум, мирен сум, чувствувам дека ја имам поддршката од моите играчи“, изјави Покетино.

„Разбирам дека некои луѓе не критикуваат, го почитувам нивното мислење. Можеме ли да играме подобро ? Да. Дали би можеле да напредуваме во одредени аспекти ? Да. Но, вревата околу клубот нема да ни помогне“.

Тренерот истакна дека има јасна визија што сака да прави во Париз.

„Ние, играчите и стручниот штаб, имаме јасна претстава каде одиме. Ние сме во процес на раст, напредок. Се формира врска. Нема да дозволиме критиките да влијаат на нас. Победуваме, во Лига 1 имаме предност од 11 бода во однос на второпласираниот, обезбедивме премин во следната фаза во Лигата на шампионите. И покрај „невремето“, нема да ги отфрлиме нашите идеи, бидејќи знаеме дека по невремето ќе дојдат сончеви денови“, заклучи Покетино.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!