РакометРакомет - Македонска репрезентација

Подмладената Македонија вечерва против ослабената Шведска на СП во Каиро

Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра првиот натпревар на Светското првенство во Египет против селекцијата на Шведска.

Подмалдената Македонија вечерва ќе се соочи со ослабената Шведска која во нашата група важи за најопасна репрезентација, бидејќи скандинавскиот тим е далеку најтрофеен и најуспешен.

Македонија предводена од Лазаров, Стоилов, Пешевски, голманот Митрески и сите останати момци вечерва треба да го покаже најдоброто и да дојде до прва победа над шведскиот состав. Швеѓаните на Светското првенство во Египет останаа без Екберг, Нилсен, двајцата Нилсон, Апелгрен, Арнесон, Јепсон, Линдског и Лагергрен.

Двете репрезентации имаат одиграно само два официјални натпревари. Првиот во 2012 година во Србија, кој заврши без победник со резултат 26:26, додека во квалификациите за Олимписките игри нашата репрезентација загуби од Шведска со 27:23.

Вечерва имаме шанси да покажеме што знаеме и да се надигруваме со Шведска и да дојдеме до победа над скандинавскиот тим. Натпреварот ќе започне во 20:30 часот и ќе може да се следи на МРТ-1 и МРТ-3.

Целиот распоред за пренос на натпреварите на МРТ-1 и МРТ-3 можете да го погледнете ТУКА.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!