Европски ФудбалФудбал

Почна борбата на европските великани за најбараниот играч во Италија

Најбараниот играч на италијанската репрезентација, кој игра фантастично на Европското првенство, е 23-годишниот играч за врска на Сасуоло, Мануел Локатели.

Локатели помина низ младинската школа на Милан и одигра 63 натпревари за „росонерите“ во три сезони, а потоа во 2018 година се пресели во Сасуоло каде што веднаш стана стандарден првотимец. Дебитираше за репрезентацијата на Италија во септември минатата година и досега има постигнато три гола на 12 настапи.

На Европското, тој беше првотимец на првите два натпревари за „азурите“, а пред два дена на натпреварот од 2. коло од групата А кога Италија ја совлада Швајцарија со 3:0 во Рим, постигна два гола.

Неговиот договор истекува во јуни 2023 година, а во пресрет на ЕП, Сасуоло побара отштета од 40 милиони евра, објавија италијанските медиуми. Борусија Дортмунд се согласи, но Локатели попрво би ја продолжил кариерата во Јувентус, кој нуди 30 милиони и уште еден играч.

Но, бидејќи Италија и Локатели имаат одлични игри на Европското, Сасуоло повеќе не брза бидејќи се надеваат дека ќе добијат 60 милиони евра за репрезентативниот играч за врска. Интерес за Локатели покажуваат и Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Арсенал.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!