РакометРакомет - Македонска репрезентација

Победничко деби на селекторот Лазаров, моќна ракометна Македонија за ПОБЕДА над светскиот шампион Данска кој загуби во Скопје!

Каква голема победа над светскиот шампион Данска, моќната ракометна Македонија на Кирил Лазаров запиша голема победа од 33:29 и за првпат ја победи големата ракометна сила Данска.

Македонија предводена од новиот селектор Кирил Лазаров одигра одличен натпревар и покажа феноменална игра, надигрување со светската ракометна сила, дефинитивно Македонија заигра како што доликува, а данците останаа шокирани во Скопје и доживеаја дебакл кој сигурно ќе го изненади ракометниот свет. Лазаров покажа дека е вистински мајстор на ракометот и покажа како треба Македонија да игра ракомет и како да се носи со светскиот шампион.

ФОТО: Ракометна федерација на Македонија

Одличен старт на Македонија која после оние 0:1 на стартот за данците, нашите ракометари дојдоа до водство од 2:1, а водството доаѓаше и до +2. Данците успеаа да дојдат до 7:7, но Македонија веднаш го врати водството на 8:7, а потоа нашата репрезентација го зголемуваше водството кое стигна и до +4 при 12:8. Данска намали на негатива од два гола, а Македонија на Лазаров повторно го запали моторот и дојде до +5 при 16:11. Резултатот на полувреме беше 17:13.

ФОТО: Ракометна федерација на Македонија

Во вториот дел Македонија стартуваше со одличната игра, сигурната одбрана и топовски напад за нашето водство да продолжи да се зголемува и да дојде до највисоки +8, кога имавме 25:17, а Данска не знаеше каде се наоѓа. Противникот ја преполови нашата предност и намали на негатива од четири гола кога резултатот беше 28:24, но никогаш данците не ја доведоа во прашање нашата голема победа. Во 54. минута од натпреварот нашата репрезентација имаше водство од шест разлика при 30:24.

На три минути пред крајот од натпреварот Македонија имаше водство од 5 гола при 32:27. Во последните две минути од натпреварот Македонија влезе со предност од три гола кога резултатот беше 32:29. Во последните 60 секунди Лазаров со ефективен гол ја погоди мрежата на противникот за 33:29, за да ги откаже данците од натпреварот и дома да си заминат со прв пораз од Македонија.

ФОТО: Ракометна федерација на Македонија

Најдобри стрелци во Македонија беа Манасков, Талески и Кузмановски со по пет гола, а Стоилов и капитенот Лазаров имаа по четири погодоци. Блескавиот Митревски одигра фантастичен натпревар и запиша неверојатни 13 интервенции против светскиот шампион Данска. Кај светскиот шампион Хансен беше најдобар со 11 погодоци, додека Менсах Ларсен имаше четири погодоци.

ФОТО: Ракометна федерација на Македонија

Македонија и Данска ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар веќе во понеделник во Алборг со почеток од 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!