ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа закажа шест контролни натпревари, „генералката“ против Тиквеш

Прилепска Победа пред два дена ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората лига – Исток. Екипата своите натпревари во пролетната полусезона ќе ги игра на реновираниот Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Според планот целиот тек од тренажниот процес ќе се реализира во Прилеп и ќе биде поделен во неколку делови, вообичаени за подготвителен период.

Со дефинирање и на последниот спаринг партнер Победа ја затвори листата на противници за планираните 6 контролни натпревари во подготвителниот период.

Првиот тест меч е закажан на 24. јануари со третолигашот Напредок Крушеани, на 27. јануари во Кичево следи дуелот со второлигашот Велазерими, а на 3. февруари е закажан пријателски меч со третолигашот Вардар во Неготино.

Четвртиот закажан дуел е со прволигашот Пелистер на 7. февруари во Битола, на 13-тти следи дуел со второлигашот Велешта во Охрид, додека „генералката“ е на 20. февруари со Тиквеш.

Пролетниот дел на првенството во Втората лига – Исток започнува на 27-ми февруари кога Победа ќе гостува на Брегалница во Штип.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!