ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа загуби на тестот од Беса Добри Дол

Вчера на Градскиот стадионот во Гостивар фудбалерите на Победа во третиот пријателски натпревар во подготвителниот период загубија од новиот второлигаш Беса со 3-1,полувреме 1-1.

Во тврд и борбен натпревар пресудија големиот број неискористени шанси на црвено-белите од една и недоволната концентрација и координација во дефанзивата при ситуациите од кои се примени головите (третиот за домаќините од непостоечки пенал).

Наредната проверка е во недела на 25 јули на 21-вото издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци на кој по италијански модел, по едно полувреме, Победа ќе игра со Тиквеш и Вардар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!