ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Победа утре против третолигашот Напредок Крушеани на прв тест-меч

Прилепска Победа утре го игра првиот контролен натпревар во рамки на подготовките за пролетната полусезона од Втората лига – Исток. Прилепчани ќе се тестираат со третолигашот Напредок од Крушеани.

Се работи за квалитетен третолигаш кој есенската полусезона ја заврши на третото место на табелата во Третата лига – Југ со еден бод помалку од лидерот на табелата и атакува на Втора лига.

Победа есенската полусезона во Втората лига – Исток ја заврши на осмата позиција на табелата со 14 освоени бодови и во пролетниот дел ќе се бори за сигурен опстанок.

Контролниот натпревар меѓу Победа и Напредок Крушеани се игра на стадионот на Могила со почеток од 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!