ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа утре ќе се надева на пораз на Слога кај Беласица со цел да презими на врвот од табелата

Победа утре на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ со почеток од 13:00 часот ќе ја пречека екипата на Локомотива од Градско во последниот меч за есенската полусезона. Се очекува од клупата екипата од Прилеп да ја предводи новиот тренер Димитар Капинковски.

За овој последен сезонски меч во комбинација се сите играчи, а со оглед на евидентната разлика во квалитетот секој друг исход освен убедлив триумф на „црвено-белите“ би бил изненадување. Со оглед на моментната состојба на табелата и директниот меч во Струмица помеѓу Беласица и Слога со евентуален пораз на виничани Победа може да презими како првопласирана на крајот на полусезоната во Втората лига – Исток.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!