ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа со триумф над Плачковица во Радовиш, Брегалница сигурна во Кочани, Тиквеш го доби Кожуф

Прилепска победа конечно запиша триумф откако во Радовиш со 1:3 славеше над Плачковица. Прилепчани стигнаа први до водство со гол на Илијоски Кисески Теофан во 38. минута. На стартот од вториот дел паднаа два брзи гола. Јанев Славчо во 46. минута донесе израмнување за радовишани, а само две минути подоцна Грозданоски Дарко ја погоди мрежата на Мишовски за ново водство од 1:2. Во 65. минута Јошески Давид ги постави конечните 1:3.

Во Пехчево екипите на Кит Го и Каменица Саса ремизираа играјќи 1:1. Гостите преку Дуков Сашо уште во 5. минута го отворија резултатот и поведоа со 0:1. Во 18. минута Ступиќ Бошко ја стресе мрежата на Иванов за конечните 1:1.

Лидерот Брегалница со 0:2 славеше во Кочани над Осогово. Дујовски Владимир во 33. минута од натпреварот го отвори резултатот за водство на штипските „сини“ од 0:1. Во 68. минута Кудијан Андреј ги постави конечните 0:2.

Слога забележа триумф на гостувањето кај Росоман со 1:2. Гостите од Виница уште во 5. минута дојдоа до водство со гол на Ивановски Бамјан. Во 70. минута Иванов Бојан ја дуплираше предноста, а Тодоровски Стефан во судиското надополнување ги постави конечните 1:2.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Тиквеш го доби дерби дуелот со Кожуф откако со 0:2 славеше среде Гевгелија. Резултатот беше отворен во 4. минута со гол постигнат од пенал, а успешно го реализираше Христов Симеон. Во судиското надополнување на првото полувреме Темеков Ристе ги постави конечните 0:2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!