ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Победа со херојски триумф над Струга излезе од зоната за испаѓање, Силекс ита кон врвот

Денес беше комплетирано 12. коло од Првата македонска фудбалска лига. Херојски триумф однесе Победа, која на „Гоце Делчев“ со двата гола на Атдхе Мазари дојде до големи три бода во борбата за опстанок, и со тоа ѝ го нанесе вториот последователен пораз на Струга Трим Љум.

Шкендија однесе три бода од Автокоманда, каде со голот на Љупчо Дориев го совлада Скопје (0:1).

Работнички впиша нов пораз и падна во бараж зоната за испаѓање во Втора лига, откако денес на домашен терен беше минимално поразен (0:1) од Силекс. Кратовци стигнаа до шесто сезонско славје со голот на Филип Обадовиќ и итаат кон врвот од табелата.

Најубедлива победа денес однесе шампионот Шкупи, кој на Чаир со 4:2 го доби мечот со Тиквеш од Кавадарци. Марио Младеновски, Алварез и Валид Хамиди обезбедија предност од 3:0 на полувреме. Гостите од Кавадарци во 72. минута преку Александар Вареловски и во 77. минута преку Александар Мишов намалија на 3:2 со што мечот влезе во супер неизвесна завршница. Сепак, Маргбелашвили во 87. минута стави крај на сите дилеми за трите бодови, откако погоди за конечните 4:2.

Вчера, Брегалница со голот на Додев дојде до минималец (1:0) над Академија Пандев, која продолжува да тоне на табелата во ПМФЛ.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!