ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа се засили со тројца фудбалери, двајца од нив повратници

Од завчера на подготовките на фудбалерите на Победа се приклучија тројца нови фудбалери.

Двајца од нив се повратници, станува збор за 20-годишниот Кирил Неделков доаѓа од Плачковица, а беше член и практично ги мина повозрасните категории од школата на Победа, како и Мирко Симјаноски, кој доаѓа од Тетекс, а минатат сезона 6 месеци го носеше дресот на Победа. Третиот нов играч е 27-годишниот лев офанзивен страничен фудбалер Петар Најдов, кој доаѓа од Кит-Го, а настапувал во Тиквеш, Плачковица, Вардар Неготино и 11 Октомври.

Екипата продолжува со подготовките, а првиот тест е в недела со третолигашот Напредок Крушеани.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!