ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа се раздели со пет играчи, а ангажираше нови пет засилувања

Утре и официјално започнува зимскиот преоден рок кој ќе трае до 11 февруари. Второлигашот Победа од Прилеп кој е најсериозен кандидат на Истокот за конечно враќање во Првата македонска фудбалска лига на еден ден пред стартот на зимскиот преоден рок ангажираше пет нови фудбалери, а се раздели исто така со пет фудбалери.

Нови имиња во тимот од Прилеп се Дарко Тофилоски, Јорданчо Наумоски (Тиквеш), Филип Димоски ( Саса), Марио Наумоски (Брегалница) и Благој Истатов (Воска Спорт), додека пак клубот се раздели со Андреј Петкоски, Игор Момировски, Петар Најдов, Дарко Дигаловски и Кирил Неделков.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!