ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа преку Спиркоски ја реши Беласица, Слога се лизна против Саса, по три бода за Детонит и Осогово

Победа е нов лидер во Втора лига – Исток и чекори кон директен пласман во Прва лига, откако на домашен терен со убедливи 3:0 ја декласираше Беласица. Во директната дерби пресметка за Прва лига, прилепчани, на крилата на Бојан Спиркоски обезбедија три бода и се пред вратите на Прва лига. Спиркоски беше двоен стрелец, а пак Атдхе Мазари стави точка на мечот на „Гоце Делчев“.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Слога на домашен терен киксна откако одигра само 0:0 со што се спушти на второто место на табелата и првото место го препушти на Победа.

Кожуф на домашен терен со минимални 1:0 го доби Осогово и го обезбеди опстанокот во второлигашкото друштво. Херојот на мечот беше Томица Петров кој погоди во 72. минута од мечот.

Пехчево е пред опстанок откако на домашен терен со 3:1 триумфираше над Браство од Житоше. За домашниот тим погодоците ги постигнаа Димитриј Димитриевски, Бошко Ступиќ и Зоран Адонов, а пак за гостите единствен стрелец беше Дрилон Зендели.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Детонит на домашен терен со убедливи 4:0 ја доби Локомотива од Градско и направи сериозен исчекор на патот кон опстанок во ВМФЛ. Миан Чичевски беше двоен стрелец во Радовиш, а по еден гол постигнаа радовишанецот Минур Асанов и Емил Ефремовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!