Победа преку пресврт со „петарда“ за Детонит, Беласица убедлива, Кожуф го шокираше лидерот

Победа овој пат не дозволи изненадување и преку пресврт дојде до триумф од 2:5 над Детонит на гостувањето во Радовиш.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Домашните одлично го отворија натпреварот и преку Иван Настевски и Милан Чичевски дојдоа до солидна предност од 2:0. Гостите од Прилеп преку Двата погодоци на Оливер Христов и погодокот на Филип Димоски обезбедија водство од 2:3. Капинковски ја погоди измената, откако во игра влезе Филип Димоски кој погоди за 2:4. Во финишот од натпреварот погоди Бојан Спиркоски за конечните 2:5.
Каменица Саса дојде до триумф на гостувањето во Градско каде со 0:4 беше подобар противник од Локомотива. Стрелец на првиот гол беше Ненад Нешовски, а во вториот дел погодија Борче Гогов и Бобан Тасевски за 0:3 и во финишот Даниел Гоцевски за конечни 0:4.

Беласица со убедливи 0:3 славеше над Братство на „жешкиот“ терен на Могила. Филип Михаилов беше стрелец на првиот гол, Петар Гугљанов погоди за 0:2, а конечните 0:3 ги постави Даниел Радојчиќ. Домашните од 8. минута од мечот играа со играч помалку откако Ирфан Максуди заработи директен црвен картон.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
Кожуф го изненади фаворитот Слога 1934 откако со минимални 1:0 славеше над лидерот на табелата од Виница. Аднреј Јаневски успешно реализираше од белата точка, а до крајот на мечот мрежите мируваа со што трите бодови останаа во Гевгелија.
Осогово и Пехчево го поделија „пленот“ откако во дербито во Кочани одиграа 1:1. Домашните Гостите преку капитенот Бошко Ступиќ први дојдоа до водство од 0:1 во 63. минута, а десетина минути подоцна домашните преку капитенот Тоше Манов дојдоа до конечните 1:1.