ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Победа победник на „Вуко Каров“!

Фудбалерите на Победа се победници на годинашното 21-во издание на традиционалниот меморијлен турнир „Вуко Каров“ кој се одржа денес на Градскиот стадион во Кавадарци.

Во првиот меч Победа го совлада Вардар со 2-0 на пенали. По 45 минути немаше голови, Антонио Столевски ги одбрани пеналите на Грозданоски и Љамчевски, а сигурни од белата точка за Победа беа Теофан Илијоски-Кисески и Игор Момироски.

Во вториот меч Тиквеш го совлада Вардар со 1-0 со гол од пенал на Христов.

Во третиот решавачки натпревар Победа-Тиквеш повторно во 45-тте минути немаше голови. Победа имаше поубави шанси – Ангелески биеше над празниот гол, шутот на Кирил Неделков беше блокиран пред празниот гол, а од одбиената топка Давид Јошески биеше сантиметри крај стативата.

При изведувањето на пеналите максимално прецизни беа и го совладаа Тофилоски фудбалерите Бојан Спиркоски, Дарко Ангелески и Петар Најдов, кај домашните прецизен беше Темелков, а Мишов биеше над голот, за конечни 3-1.

Така на крајот Победа е победник, Тиквеш втор, а Вардар третопласиран.

По завршување на натпреварот покрај пехарот за најдобра екипа Победа го доби и пехарот за најдобар голман кој заслужено отиде во рацете на Антонио Столевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!