ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа на поправен во Кочани, дуел меѓу Саса и Беласица

Денес се игра вонредното 14. коло од Втората фудбалска лига – Исток. Прилепска Победа ќе патува во Кочани каде ќе бара излез од резултатската криза и враќање на победите против Осогово. Денечниот меч ќе биде тежок испит за Победа која ќе мора да најде начин како да ги обезбеди трите бодови со цел да има полесна пролет, во противно ќе ги очекува „пеколна“ пролет. Двата порази од конкурентите Саса и Слога резултираа со оставка на тренерот на Победа, Дарко Крстески.

Дерби од дното од табелата ќе се одигра на „Могила“ меѓу Братство и Локомотива. Домаќинот од Житоше не знае за триумф на последните пет натпревари, а единствениот триумф има над Саса, па денес ќе биде идеална шанса да се стигне до второто сезонско славје. Од друга страна Локомотива на последните пет натпревари има три порази и две ремија, но нема резултати со кои би се пофалила во однос на противникот. Многумина двете екипи ги сметаат веќе за „отпишани“. Во првиот нивен меѓусебен дуел одигран на теренот во Градско, Локомотива триумфираше минимални над Братство.

Лидерот Слога на домашен терен во Виница ќе се соочи со Детонит. Домашнаната екипа ќе биде фаворит за трите бодови во однос гостинот од Радовиш кој сезонава цели кон сигурен опстанок во второлигашкото друштво.

Дерби дуел ќе гледаме во Македонска Каменица каде ќе се соочат Каменица Саса и Беласица. Екипата на Саса ќе важи за фаворит на овој натпревар пред се поради домашниот терен и формата во која игра, но секако и фактот дека Саса го доби првиот меѓусебен дуел во Струмица со минимални 0:1. Струмичани ќе бидат ставени на тежок испит – победата и трите бодови се многу важни, во противно битката за нивно враќање во Прва лига ќе биде премногу тешка, па можеби и „невозможна“.

Во Гевгелија ќе се судрат Кожуф и Кит Го од Пехчево. Трите бодови очајно му се потребни на Кожуф со цел конечно да излезе од опасната зона и да застане во сигурниот дел од табелата. Кит Го во Гевгелија ќе брка втора последовалната победа со која ќе продолжи да го напаѓа четвртото место на табелата.

Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!