ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа на 30 јуни ги започнува подготовките за новата сезона

Шефот на Стручниот штаб на Победа, Дарко Крстески стартот на подготовките за новата сезона на Втората лига-Исток го закажа за 30 јуни.

Неофицијално, според информации од ФФМ, почетокот на новата второлигашка сезона се планира за 21 август, прволигашите би започнале на 8 август, додека Купот на Македонија со 16-финалните мечеви би стартувал во првата половина на септември.

Во меѓувреме Претседателот Емил Јанески, Директорот Благоја Гешоски и тренерот Дарко Крстески интензивно разговараат и преговараат со повеќе фудбалери кои би ја засилиле Победа за новата сезона. Се очекува следната недела да бидат познати и имињата на првите засилувања.

Преодниот рок за фудбалерите стартува од вторник (15 јуни) и периодот за трансфери ќе биде отворен до 6 септември.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!