РакометРакомет - Македонска репрезентација

Победа и ништо друго, Македонија денес против Чиле!

Македонската ракометна репрезентација денес го игра најважниот натпревар на Светското првенство во Египет против селекцијата на Чиле. Нашата репрезентација денес ќе важи за фаворит на овој меч и со победа ќе обезбеди главна групна фаза.

Македонија денес мора да одигра далеку подобро од двата тешки порази од Шведска и оној од Египет. Денешниот натпревар ќе биде тест каде треба да се покажеме конечно во најдобро светло, да одиграме и да покажеме дека имаме квалитет.

Македонија во претходните натпревари често правеше технички грешки, а противникот максимално ги користеше истите. Против Чиле мораме да играме смирено и сигурно, да се намалат грешките во нападот и да има поуспешна реализација на нападите доколку сакаме да ја запишеме првата победа на Мундијалот во Египет.

Нашата репрезентација одигра две контролки против Чиле во Скопје пред стартот на Мундијалот и во двете запиша победа, но после оние големи порази на Македонија во Египет, мотивот и амбициите кај противникот од Јужна Америка ќе бидат големи, па сигурно дека на теренот ќе истрчат мотивирани за да направат изненадување против Македонија. Доколку македонската ракометна репрезентација денес загуби од Чиле, ќе значи дека ќе се спакува и ќе се врати дома.

Доколку денес запишеме победа, Македонија ќе обезбеди пласман во наредната рудна каде ќе игра во група со Белорусија, Русија и Словенија, но Македонија нема да пренесе бодови, бидејќи освоените бодови против последнопласираната екипа од групата не се сметаат.

Останува да видиме дали Македонија конечно ќе одигра како што треба, да одигра на ниво, да одигра натпревар како што доликува за ракометна земја како Македонија.

Натпреварот се игра со почеток од 15:30 часот и ќе може да се следи во живо на МРТ-1 и МРТ-3. Целиот распоред за пренос од натпреварите можете да го погледнете овде.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!