Победа ги започна подготовките, натпреварите ќе ги игра на реновираниот Градски стадион во Прилеп

Прилепска Победа вчера ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората лига – Исток. Екипата своите натпревари во пролетната полусезона ќе ги игра на реновираниот Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Според планот целиот тек од тренажниот процес ќе се реализира во Прилеп и ќе биде поделен во неколку делови, вообичаени за подготвителен период. Од денес се продолжува со по два тренинзи дневно, а во тек е договарање на планираните 5-7 контролни натпревари.

На првата прозивка се појавија и подготовките ги започнуваат сите фудбалери кои настапуваа во есенската полусезона, а клубот е во преговори за заслување на екипата со неколку фудбалери.
Пролетната полусезона во Втората лига – Исток продолжува на 27. февруари, кога Победа ќе гостува кај лидерот на табелата Брегалница во Штип.
Еден Коментар