Победа е императив за Вардар Неготино ако сака да застане на врвот, Росоман домаќин на Бучин

Победа е императив за Вардар од Неготино кој денес ќе гостува кај лидерот Превалец во рамки на вонредното 8. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Трите бодови од дербито на колото ќе бидат многу важни и за двете екипи. Триумф за Превалец ќе значи и зацврстување на врвот од табелата, а ако пак трите бодови заминат во Неготино тогаш Вардар ќе го превземе врвот на табелата.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Ново Црнилиште бележи позитивни резултати, а низата на успеси сака да ја продолжи и против фаворитот Големо Коњари, кој пак силно ги посакува трите бодови со цел да прави притисок кон водечките Вардар Неготино и Превалец.
Возарци ДМД денес ќе има нова шанса за први бодови во новата сезона на теренот во Кривогаштани каде ќе се соочи со Младост 1930, додека пак Обршани ќе ги одмери силите на домашен терен против ДИнамо.
Росоман на домашен терен ќе го пречека „незгодниот“ Бучин во меч каде домаќинот ќе бара враќање на победите.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Ова коло, за жал, ќе започне со едноминутно молчење во чест на младиот Бајро Потурак – фудбалер на Слога 1976, кој трагично го загуби животот како последица на повредите здобиени во неодамнешна сообраќајна несреќа. Спортска Мрежа изразува длабоко сочувство до семејството. Мечот меѓу Марена и Слога 1976 ќе биде одигран во нов термин.