ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Победа денес на тест против Беса Добри Дол

Фудбалерите на прилепска Победа интензивно се подготвуваат за новата сезона од Втората лига – Исток, во која ќе влезат со цел враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Прилепчани денес ќе одиграат контролен натпревар со Беса од Добри Дол, екипа која како шампион на Трета лига – Запад и преку бараж успеа да обезбеди место во Втората лига – Запад.

Претходно, Победа со високи 7:0 го декласираше Братство од Житоше, додека пак во првиот тест со 3:1 славеше над радовишки Детонит.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!