ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Победа далеку подобра од Напредок Крушеани на првиот контролен натпревар

Вчера на стадионот на Могила фудбалерите на Победа го одиграа првиот контролен натпревар во овие зимски подготовки. Второлигашот одигра одличен натпревар и со 3:0 беше подобар од третолигашот Напредок од Крушеани. Резултатот на полувреме беше 2:0. Стрелци на погодоците за Победа беа Ф. Споркоски со два гола и еден на Карапеев.
Шефот на стручниот штаб на Победа, Дарко Крстески им даде шанса на сите фудбалери кои се во тренажен процес со исклучок на повредениот Дебрешлиоски и новајлиите Најдов, Неделков и Симјаноски, кои подоцна се приклучија на подготовките.
Наредниот втор контролен меч црвено-белите ќе го имаат во среда на 27. јануари со Велазерими во Кичево.