Европски ФудбалФудбал

По заминувањето од Реал Мадрид: Серхио Рамос одлучи во кој клуб да ја продолжи кариерата ?

Бројни европски медиуми пишуваат дека Серхио Рамос, 35-годишен шпански дефанзивец, одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа е Пари Сен Жермен.

Искусниот дефанзивец не го продолжи договорот со Реал Мадрид, па слободно може да избере нова средина, а сите индиции покажуваат дека тоа ќе биде „Паркот на принцовите“.

Кога го напушти „кралскиот клуб“, Рамос не откри каде ќе ја продолжи кариерата, но ги негираше претходните обвинувања дека ќе се врати во Севилја.

Со оглед на тоа дека тој доаѓа во ПСЖ како слободен агент, платата сигурно нема да претставува проблем за парижаните.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!