По три бодови за Преспа и Црно Буки, Шекуткоски донесе радост за Влазними во дербито со Македонија Враништа

Влазниме славеше во дерби пресметката со Македонија Враништа на домашен терен со 2:1. Херој на мечот за домаќинот беше Даниел Шекуткоски кој беше двоен стрелец.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Резултатот беше отворен по 20 минути игра, откако Шекуткоски погоди за 1:0. Десет минути подоцна Димче Недески го израмни резултатот на 1:1. Во вториот дел со втор гол Шекуткоски ги постави конечните 2:1 во 75. минута.
Црно Буки дојде до цел „плен“ на гостувањето кај Демир Хисар со два погодоци постигнати во вториот дел (0:2). Резултатот го отвори Михаил Котевски, а Стефан Јовановски ја потврди победата во 88. минута за 0:2.
Преспа на Градскиот стадион во Ресен беше убедлива против Кравари со 3:1. Гостите дојдоа први до водство од 0:1 откако Гани Халимовски постигна гол за водство на полувреме. Во вториот дел преку пресврт Преспа дојде до нов триумф, а двоен стрелец беше Аднан Агушевски за 2:1, конечниот резултат го постави Нико Пластиновски.
Вчера во вовединот меч од 18. коло Новаци славеше со 2:1 над Лирија од Грнчари.