ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

По една сезона пауза се враќа фудбалот во Трета лига – Север

Откако минатата сезона поради протоколите и мерките за заштита од Ковид-19 немаше фудбал во Трета лига – Север, од септември се враќа фудбалот во овој третолигашки регион, кој беше единствен во Македонија каде немаше фудбал минатата сезона.

Иако останатите четири региони (Југозапад, Запад, Југ и Исток) се натпреваруваа, Север не изнајде решение за старт на сезоната, иако поголем дел од клубовите бараа да се организира лигата и да се натпреваруваат.

Новата сезона како што дознава Спортска Мрежа треба да започне на 3. септември со 17 клубови. 16-те клубови кои требаше да се натпреваруваат и минатата сезона дополнително и Кадино кој лани испадна од Втора лига – Запад.

На 1. јули се одржа состанок во просториите на ФФМ со присуство на поголем дел од клубовите, на кој состанок клубовите го потврдија учеството за новата сезона.

Во следните денови треба да се одржи состанок на кој ќе бидат извлечени и паровите, односно ќе биде направено ждребувањето.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!