Турнири

По две години пауза, утре започнува Турнирот во мал фудбал „Кривогаштани 2022“

После две годишна пауза на традиционалниот ноќен турнир во Кривогаштани утре започнува овгодинешното издание на турнирот каде младите ентузијасти од Кривогаштани под покровителство на Градоначалникот на општина Кривогаштани, Николче Мискоски ќе продолжат со долгогодишното негување на традицијата.

Турнирот ќе се одржи на повеќенаменското игралиште во Кривогаштани во ноќни термини каде оваа година учество ќе земат повеќе од 25 екипи од регионот и пошироко. Натпреварите ќе се игра во формат 5+1.

„Сите намерници и љубители на спортот ги покануваме на уживање во добри партии фудбал на турнирот во Кривогаштани“, велат организаторите на турнирот за Спортска Мрежа.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Турнирот во мал фудбал „Кривогаштани 2022“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!