Плачковица загуби дома од Кит Го, Тиквеш преку Спахиу до триумф над Победа

Денес беше комплетирано 20. коло од Втората лига – Исток, со двата натпревари кои беа одложени минатиот викенд поради обилните врнежи од снег.
Плачковица 0:2 Кит Го
Екипата на Плачковица на домашен терен загуби со 0:2 од Кит Го и навлезе во уште подлабока резултатска криза, а со тоа шансите за опстанок се намалуваат.
Во првиот дел од натпреварот одигра на Градскиот стадион во Радовиш немаше погодоци. Во второто полувреме неизвесноста траеше до 74. минута кога Борха ја стресе мрежата на радовишани за водство од 0:1. Домашната екипа се обиде брзо да се врати во игра со надеж дека ќе извлече бод од тешкиот натпревар, но нововлезениот Мишев Стефан постигна гол во 80. минута за 0:2. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, па трите бодови заминаа во Пехчево.
Кит Го се врати на третото место на табелата со 32 освоени бодови, додека Плачковица продолжува да „тоне“ и останува забетонирана на претпоследното место со 11 бодови.

Победа 0:1 Тиквеш
Тиквеш на Могила дојде до минимален триумф од 0:1 над прилепска Победа. Резултатот на натпреварот беше отворен рано уште во 4. минута со гол на Спахиу Едиз. До крајот на натпреварот мрежите мируваа и на двете страни, иако екипи имаа големи шанси за погодок, но сепак, реализација немаше.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Тиквеш останува на второто место на табелата со 45 бодови, додека Победа е осма со 16 бодови и продолжува да води борба за сигурен опстанок во второлигашкото друштво.