ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Плачковица со победа над Локомотива на тестот во Градско

Третолигашот Плачковица денес во Градско одигра контролен натпревар против новиот второлигаш Локомотива и забележа победа од 2:3.

Местото на Плачковица е во Втора лига, а радовишани уште еднаш потврдуваат дека нивните амбиции се експресно враќање во второлигашкото друштво, квалитетот на екипата, како и новите засилување ја прават Плачковица да биде прв фаворит во Третата лига – Исток за враќање кон Втората македонска фудбалска лига, која од следната сезона ќе биде единствена.

Стрелци на головите се повратниците во Плачковица, Никола Вареловски и Назим Асанов и новајлијата Игор Ѓоргиев.

Околу 70% од ланската екипа е задржана во Плачковица, вратени се радовишки фудбалери, дополнително радовишката гордост е засилена со квалитетни играчи кои имаат второлигашко искуство, па дефинитивно во новата сезона од Третата лига – Исток, Плачковица ќе биде прв фаворит за врвот на табелата.

Инаку, Локомотива денес беше предводена од Сашко Пановски, додека пак во Плачковица кормилар и во новата сезона остана Крсте Крстев

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!