ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Плачковица се раздели со Гањо, Крсте Крстев нов тренер на радовишани: Плачковица може да опстане!

Второлигашот Плачковица од Радовиш се раздели со Љупчо Димитковски – Гањо, кој после поразот од Осогово си поднесе оставка, а раководството на клубот истата ја прифати, па на фер и коректен начин двете страни се разделија.

Плачковица не чекаше многу, експресно го ангажираше искусниот Крсте Крстев, кој во Радовиш доаѓа со една цел – сигурен опстанок на радовишкиот клуб во Втората лига – Исток.

„Со Љупчо Димитковски имавме одличен и коректен однос, двете страни се разделивме на фер и коректен начин, на Димитковски му посакуваме успеси во неговата кариера“, велат од Плачковица за Спортска Мрежа.

Крстев е млад тренер кој има големи успеси зад себе. Со Слога од Виница во есенската полусезона направи солидни резултати, што ќе биде голема надеж за радовишани во борбата за опстанок.

Во изјава за Спортска Мрежа, новиот тренер Крстев вели дека тешко ќе биде да се обезбеди опстанок, но не и невозможно.

„Јасно е како ден дека ќе биде тешко да се обезбеди опстанок, но не и невозможно. Познавајќи ги луѓето од претходно немав избор да не се нафатам да им помогнам во овој тежок момент, бидејќи се работи за луѓе кои се многу време во фудбалот и го разбираат, а најважно од се е тоа што го мислат, го зборуваат и прават. Половина од фудбалерите ги познавам од порано, останатите се обидувам најбрзо да ги запознаам, но иако е многу краток период до натпреварите ќе се потрудам да ги подготвам најдобро што може за да успееме во желбата за опстанок“, ни изјави Крстев и додава:

„Основните потребни услови за работа ги имаме, додека залагањето и дисциплината на фудбалерите е на највисоко ниво што ми влева дополнителен оптимизам, иако третиот круг го започнуваме со четирите најдобри екипи во лигата, но на крајот ќе се радуваме“, завршува новиот тренер на Плачковица.

Крстев и претходно беше тренер на Плачковица во Сезона 2016/2017, а беше дел и од Слога, Осогово, Вардар Неготино како и Хоризонт Турново.

>> ТАБЕЛАТА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Плачковица веќе во недела ја чека тешко гостување во Гевгелија, каде ќе се соочи со екипата на Кожуф.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!