ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Плачковица остана без еден бод, Вардар Форино без три во Втората лига

Фудбалската федерација на Македонија им одзеде бодови на две второлигашки екипи, на Плачковица од Истокот и на Вардар Форино од Западот.

Радовишка Плачковица остана без еден бод поради неоправдано не настапување на три натпревари во Третата младинска лига – категорија Пионери.

Вардар Форино остана без три бода помалку, поради неоправдано отсуство на натпреварот кој требало да биде одигран во рамки на 12. коло од Втората лига – Запад на Градскиот стадион во Гостивар со екипата на Велазерими.

Покрај одземањето на бодовите, двата клуба ќе треба да платат и парични казни од по 250 евра.

Плачковица сега има десет бодови и останува на деветтото место во ВМФЛ – Исток и во опасната зона за испаѓање, додека Вардар Форино со 10 бодови сега е на делба на деветтата позиција и се наоѓа во опасната зона за испаѓање во ВМФЛ – Запад.

ТАБЕЛА од Втора лига – Исток.
ТАБЕЛА од Втора лига – Запад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!