ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Плачковица на тешко гостува кај Тиквеш, Кожуф домаќин на Осогово

Во сабота стартуваат фудбалските возбудувања од Втората лига – Исток со натпреварите од 21. коло.

Каменица Саса – Слога

На Градскиот стадион во Македонска Каменица силите ќе ги одмерат екипите на Каменица Саса и Слога од Виница. Домаќинот после големата победа над Осогово среде Кочани мотивирано ќе влезе за втора последователна победа и против Слога која е влезена во резултатска криза. Гостите од Виница на последните пет натпревари имаат три порази и две ремија, па веќе во сабота ќе имаат нова шанса за да ја запишат првата пролетна радост.

Брегалница – Победа

Непоразениот лидер Брегалница на Градскиот стадион во Штип ќе ја пречека прилепска Победа. Штипските „сини“ итаат кон Прва лига, а во сабота дефинитвно според квалитетот и формата ќе важат за големи фаворити. Прилепчани на последните пет натпревари не знаат за победа, имаат скор од три ремија и два порази и се на осмата позиција на табелата, место кое што не нуди сигурен опстанок во Втората лига – Исток. Се освен пораз за гостите во сабота ќе биде позитивен исход на тешкото гостување во Штип и борбата за искачување место погоре на табелата, а со тоа и сигурен опстанок.

Тиквеш – Плачковица

Екипата на Тиквеш на домашен терен во Кавадарци ќе ја пречека радовишка Плачковица, во натпревар каде домаќинот ќе биде апсолутен фаворит. Тиквеш има негатива од седум бодови на табела во однос на лидерот Брегалница, па најверојатно ќе игра бараж за влез во Првата лига. Радовишани ниту со новиот тренер не можат да остварат трета сезонска радост. Плачковица има три последователни порази, а на последните пет натпревари четири порази и само едно реми. Екипата од Радовиш е на претпоследното место на табелата со само 11 бодови, а во сабота шансите за поправање на овој впечаток ќе бидат тешки.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Кит Го – Росоман

Фудбалерите на Кит Го на домашен терен ќе ги одмерат силите со „фенерџијата“ Росоман. Домашната екипа е на високото трето место и игра одлична сезона, после победата над Плачковица во Радовиш на лошиот терен за игра, носи мотив за атак на трите бодови и на саботниот натпревар против Росоман. Кит Го на последните пет натпревари ја има најдобрата форма во Втората лига – Исток со освоени 13 од можни 15 бодови. Росоман е закован на дното од табелата со само 8 освоени бодови, а во Пехчево го очекува тешко гостување со минимални шанси за изненадување против големиот фаворит кој игра фантастично.

Кожуф – Осогово

На Градскиот стадион во Гевгелија ќе се соочат Кожуф и Осогово во израмнет дуел по трите бодови. Кожуф ќе го искористи домашниот терен да дојде до 9-тата сезонска победа, а доколку ја погледнеме формата на Осогово на последните пет натпревари тогаш фаворит нема, па би требало да гледаме неизвесен дуел за трите бодови.

Дел од натпревари ќе можете да ги следите во ЖИВО и на Спортска Мрежа, со пренос овозможен од ФФМ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!