Европски ФудбалФудбал

Пјаниќ повторно во Јувентус, Ремзи на „Камп Ноу“ ?

Јувентус и Барселона се блиску до договор за размена на играчи од средниот ред. Миралем Пјаниќ би се вратил во Торино, додека Арон Ремзи би патувал за Каталонија.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина пристигна од Јувентус во Барса минатото лето, но во ниту еден момент не успеа да се избори за позицијата стандарден играч во тимот на Роналд Куман. Холанѓанецот веќе му даде цврста рака на Пјаниќ во изборот на нова средина.

Арон Ремзи, пак, е далеку од посериозна улога во Јувентус. Единствена пречка на договорот се големите приходи на велшкиот репрезентативец. Барселона е во тешка финансиска состојба и сигурно не сака нови оптоварувања.

Сепак, се очекува да се постигне решение што ќе ги задоволи интересите на сите страни.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!